Притвор за три лица кои запалиле „ауди“ по нарачка од притвореник

На 05/06.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево во координација и содејство со полициски службеници од Сектор за општ и насилен криминал – Оддел за криминалистичка полиција при МВР и соработка со СВР Битола се преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1, сторено со подметнување пожар на патничко возило „ауди“, сопственост на Љ.С. од Кичево, а лишени од слобода се Е.П.(27) од Кичево, К.Б.(28) и Љ.А.(27), двајцата од Битола.

Имено, на 05.06.2022 извршени се претреси кај повеќе лица во Битола, при што се одземени предмети поврзани со кривичното дело, а од преземените мерки е утврдено дека нарачател на кривичното дело е Е.П. од Кичево, кој веќе издржува мерка притвор за кривично дело по член 215, сторител е К.Б., а Љ.А. е помагач во извршување на кривичното дело.

Лицата биле спроведени во ОВР Кичево и против нив до ОЈО Кичево е поднесена кривична пријава по чл.288 од Кривичниот законик, при што од Судија на претходна постапка и на К.Б. му е одредена мерка притвор.

06.06.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега