Северните делови на Грција со снег и ниски температури

Локалните медиуми од Грција јавија дека ниски температури се забележани во цела Грција, а снег паѓа во планинските северни делови од државата.

Главните автопатишта во Грција се проодни за сообраќај во зимски услови.

 

Предупредување има за возачите на моторни возила да бидат внимателни бидејќи на патиштата е можна појава на голомразица.

27.11.2013 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа