Железничкиот сообраќај се одвива нормално

И покрај најавите за штрајк денеска железничкиот сообраќај во земјава се одвива нормално. Сообраќаат возовите на сите домашни и меѓународни релации според предвидениот возен ред, велат од одделот за информации на Железничката станица во Скопје.

НСММ вчера најави дека  во тек на штрајкот ќе сообраќаат само меѓународните експрес возови и по еден воз на домашните релации, но не доби поддршка од Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСМПМ). Членовите на НСМПМ соопштија дека не го поддржуваат  штрајкот со редуциран сообраќај, затоа што таа одлука не  била  од синдикален карактер, туку имала лични интереси со тенденција за промена на раководната структура.

По најавата за штрајкот МЖ Транспорт а.д. Скопје вчера соопшти дека сообраќајот ќе се одвива нормално. Најавата за штрајк, според компанијата, била од дел од машинскиот персонал, што не бил репрезентативен и не можел да одлучува во име на сите врабтени во компанијата.

27.11.2013 - 10:27
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега