Естонија и Полска ги поддржуваат евроинтеграциите на Македонија

Претседателот на македонската Влада Никола Груевски на премиерите на Естонија и на Полска, Андрус Ансип и Доналд Туск на денешните средби во Букурешт им ја пренесе пораката дека влезот во НАТО и отпочнувањето на преговори со Европската унија остануваат стратешка цел на Македонија.

Премиерот Груевски истакна дека Македонија има добиено  пет последователни позитивни извештаи од Европската комисија и пет препораки за отпочнување на преговорите со Европската унија, што е признание за реформските напори на државата.

На средбата се потврдени и добрите политички однноси и нагласена е потребата од интензивирање на економската соработка за што постои потенцијал во регионот.

Претседателот на македонската Влада вечерва треба да оствари средба и со кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој допатува во Букурешт за да ги најави идните планови на кинеската Влада во државите од Централна и Источна Европа.

26.11.2013 - 16:25
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа