Нимиц и Ахмети: Сега е најдоброто време да се реши спорот со Грција
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера остварил неколку значајни средби во градот Њујорк, информираат од партијата.
Првата средба со оддржала во претставништвото на САД при Орхганизацијата на Обединетите Нации каде Амбасадорката Розмари Ди Карло го пречекала Претседателот Али Ахмети. Соговорниците размениле спомени од нивната успешна соработка во 2007 и 2008 година, при што Претседателот Ахмети нагласил дека еден таков сличен меѓународен поттик е потребен и денес кога треба конечно да се реши прашањето со името. Амбасадорката Ди Карло ја потенцирале Американската поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО, но и потребата за постигнување компромис со јужниот сосед околу прашањето со името што ја држи Македонија далеку од Евроатлантските структури.
Потоа, на работен ручек, Ахмети и Метју Нимиц, посредник на ОН за прашањето со името помеѓу Грција и Македонија, разговарале околу работата на Нимиц и последните случувања околу преговорите за спорот со името. Ахмети и Нимиц се сложиле дека сега е најдоброто време да се реши ова прашање и дека политичарите треба со храброст да превземат значајни одлуки за да ја осигураат иднината на земјата.
Претседателот Ахмети оддржал средба и со амбасадорот Татам од Британската Постојана Мисија во ООН, кој што имаше големи познавања за регионот и Македонија уште од 2001 година. И британскиот амбасадор нагласил дека неговата земја силно го поддржува патот на Македонија кон НАТО и ЕУ и истовремено ги охрабрил политичките лидери да преземат напори за да го реализираат овој процес што е можно побргу.
Претседателот Ахмети имал работна средба и во Француската Постојана Мисија во ООН во Њујорк, каде ја поканил Франција да го искористи своето влијание кон решавање на спорот со името што ќе овозможи интгерација на Македонија во НАТО и ЕУ.
Сите три Постојана Мисии, на САД; Велика Бритнија и Франција, се постојани членки на Советот за безбедност на ООН.