Единствена Македонија: Избркајте ја Кацарска од Уставниот суд
Добрила Кацарска денес на состанок со Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Талат Џафери побара итен избор на нови уставни судии и надминување на блокадата на Уставниот суд кој работи со четири судии помалку.
Единствена Македонија презема една поактивна улога на овој план и предлага најпрвин разрешување на Добрила Кацарска од судија на Уставниот суд и дополнително избор на нови уставни судии од страна на позициските и опозициските пратеници во Собранието.
Цела Македонија знае дека Добрила Кацарска дојде во Уставниот суд преку непристоен и срамен пазар - наменска осуда на лицата за 27 април во замена за функција во Уставниот суд. Добрила Кацарска е дел од поблемот и решението е во нејзиното бркање од судот со што ќе се раскине со темното минато.
Да потсетиме, судечкиот судија на стариот Ченто, судијата Панта Марина, после наменската осуда во 1948 година е награден од власта со избор на судија во Врховниот суд каде станува и претседател на судот. Судечкиот судија на младиот Ченто, судиката Добрила Кацарска, после осудата на Јане Ченто, во 2020 година е наградена од власта со избор на судија во Уставниот суд каде станува и претседателка на судот.
Единствена Македонија ветува дека ќе ја сосече во корен поразителната пракса Македонија се уште да се држи на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа