Приведени 48 лица за хаосот во салата "Борис Трајковски" - меѓу нив и малолетници

По инцидентите кои се случија пред и по завршувањето на натпреварот Металург-Вардар во салата Борис Трајковски, кога група од 150-200 Комити го нарушија јавниот ред и мир, полицијата превзема низа активности за откривање на насилниците при што се приведени 48 лица. 

Според податоците од полицијата, се работи за 22 лица на возраст од 14 до 48 години, 3 лица на возраст од 16 до 28 години и 13 лица – на возраст од 13 до 35.

Кривична си заработи и 30-годишниот Д.М. од Скопје кој пред натпреварот погодил полицаец со шише. 

Инаку, според досегашните сознанија, до инцидентите дошло кога група од 150 до 200 припадници на “комитите“ иако имале уредно купени билети за ракометниот натпревар од страна на организаторот на натпреварот не им бил дозволен влез во спортската сала. Ваквата одлука на организаторот предизвикала револт кај навивачката крупа “Комити“, кои масовно го нарушиле јавниот ред и мир на надворешната страна од источната трибина  и тие фрлајќи со камења и други тврди предмети се обиделе да ги пробијат  полицискиот кордон и кородното од лицата за обезбедување од агенцијата “Перпетум мобиле“ кои бил поставени пред влезот на источната трибина.  Во обидот насилно да влезат во  салата биле спречени, при што нема повредени полицајци, но настрадал еден од обезбедувањето на „Перпетум мобиле“ и еден неутрален навивач, кои биле пренесени во Ургентниот клинички центар и ГОБ „Св. Климент Охридски“, каде кај службеното лице од обезбедувањето е констатирана скршеница на десната потколеница, а кај другото лице скршеница на две потколенични коски.

26.11.2013 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега