БиХ Србија и Хрватска му се радуваат на снегот!

Врнежи од снег денеска има во повеќе делови на Балканот, јави Танјуг.

Во Босна и Херцеговина, во регионот на Мркоњиќ Град има интензивни врнежи на снег. Поради снегот отежнат сообраќајот на патните правци Сараево-Тузла, Тузла-Калесија, Бугојно-Купрес и патниот правец од Јајце кон Бања Лука.

Освен во БиХ, снег падна и во  Хрватска, а синоќа и во делови на Далмација. Послаби врнежи од снег има и во делови на Србија.

Инаку, деновиве и во Македонија се очекува да провејува снег и температурите да бидат под нулата.

26.11.2013 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега