Отворено првото училиште на српски јазик во Албанија

Во селото Хамил во албанската околија Фиер отворено е првото училиште во кое ќе се изведува настава на српски јазик, каде ќе се школуваат стотина деца од српска и бошњачка националност.

На свеченото отварање на училиштето присуствувал и српскиот амбасадор во Албанија, Мирољуб Зариќ.

 Во околијата Фиер живеат приближно 2.000 српски и бошњачки семејства, додека, според нивните здруженија, на целата територија на Албанија живеат околу 50.000 Срби и Црногорци и над 10.000 Бошњаци.

26.11.2013 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега