Британски „Економист“: Грција ќе добие нова финансиска помош

Британското списание „Економист“ предвидува дека Грција ќе земе нов спасувачки пакет бидејќи земјата ќе има потреба од нова финансиска помош.

Грција ќе има потреба од дополнителна финансиска помош по истекувањето на сегашниот спасувачки пакет на крајот на јуни 2014 година, кој земјата го добива од ЕУ и ММФ, прогнозира „Економист“.

Според весникот, преговорите за грчкиот долг и услови за негово намалување ќе продолжат во целата прва половина на следната година и ќе резултираат со доволна поддршка за земјата, со што ќе биде избегнато нејзино излегување од еврозоната.

 

26.11.2013 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега