Бекамови одат на суд, жена тврди дека е мајка на нивната ќерка
Викторија и Дејвид Бекам наскоро ќе се најдат на суд со Шерон Бел, која познатиот пар го обвини дека ги украл нејзините јајцеклетки со кои е зачната нивната ќерка Харпер Севен.
Бекамови поднесе тужба против Шерон поради вознемирување бидејќи им праќала писма, им тропала на врата и ја чекала Харпер пред училиште за по часовите да може да разговара со неа.
Би-Би-Си пренесува дека Дејвид се чувствува вознемирено и се плаши за безбедноста на своето семејство, особено поради фактот дека Бел дошла до нивната врата и се обидела да влезе во нивниот дом под изговор дека таа му е сопруга на поранешниот фудбалер.
На сослушувањето таа истакнала дека не се чувствува виновно, а судењето ќе се одржи во јули годинава.
-Бел живее во лажно уверување дека е во врска во Дејвид Бекам, дека тој ги украл нејзините јајцеклетки и дека Харпер е нејзино и дете на Дејвид и затоа на 18 ноември минатата година ја чекала пред училиште. Дејвид тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на нивното дете, вели обвинителката.
Судијата истакнал дека се работи за „бизарно тврдење“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа