Џафери се сретна со генералот Фарина: Македонија ќе продолжи да помага на НАТО Алијансата

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска се сретна со командантот на КФОР, генерал-мајор Салваторе Фарина.

На средбата биле разменети мислења околу соработката на КФОР со Република Македонија, како земја која обезбедува постојана логистичка поддршка за НАТО-предводената операција на Косово, за моменталните и идните активности на КФОР, како и за тековната ситуација на северот од Косово. На средбата министерот Џафери на средбата посочил дека Република Македонија и Армијата на Република Македонија ќе продолжат да бидат партнер на Алијансата во сите нејзини напори за одржување на светскиот и регионалниот мир и просперитет, како предуслов за економска благосостојба.

Од своја страна, генералот Фарина изразил благодарност за логистичката поддршка на Република Македонија за силите на КФОР.

 

25.11.2013 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа