Велешките стечајци го поздравија Законот за решавање на стечајни постапки

Работниците на Порцеланка Свилара, Лозар, Топилницата и уште од дваесетина помали компании од Велес го поздравија донесувањето на Законот за решавање на старите стечајни постапки кој го одобри Владата.

Како што пишува Вечер, работниците од фабриките се задоволни и радосни со донесувањето на Законот за нивните фабрики кои отидоа во стечај и беа продадени за мали пари од кои за самите вработени не остана ништо. На стечајните судии и стечајните судски совети не им беше грижа за тоа дека работниците се и без работа и без пари. Со години се водеа стечајни постапки, а кога на крајот фирмите беа продадени за работниците не остануваше ништо или пак беа ставани на крајот од доверителите. 

 Никој не ме прима на работа, иако сум со триесет години стаж. Од нив и за четири години не ми се платени придонесите. Кога слушнав за новиот Закон верувајте многу се израдував. Си реков не сме заборавени. Некој мисли и на нас некогашните работници. Сите ние кои минавме низ тешка голгота и кои не по наша вина го загубив работното место, оваа Влада не не заборави - вели Пановска за Вечер.

Новиот Закон отвара можност за нови вработувања и бенефиции на стечајците.

25.11.2013 - 12:31
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега