Автобус полн со патници падна во канал длабок 6 метри во Србија - повредени се 17 лица

Хорор ја потресе Србија. Автобус на Ниш-експрес синоќа се преврте, при што се повредени 17 патници.

Најверојатно до несреќата дошло поради неприлагодената брзина на возење на влажниот коловоз, при што автобусот се лизнал, се превртел и слетал во канал длабок 6 метри.

Сите повредени патници биле пренесени во Ургентен центар, а меѓу нив се и двајцата возачи на автобусот. Денеска патниците се пуштени на домашно лекување.

25.11.2013 - 09:07
Фото: 
блиц.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега