Попоски денеска на средба со Фабиус

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Француската Република, во рамки на која ќе се сретне со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиус.

-Во рамките на програмата, предвидени се средби со сенаторот Ален Ришар, специјален пратеник за економска соработка со балканските земји и поранешен министер за одбрана на Француската Република, со директорот за Континентална Европа на француското МНР, Ерик Фурние, потоа со претседателот на Административниот совет на Фондацијата Роберт Шуман, Жан-Доминик Џулиани, како и со поранешниот сенатор и министер за правда на Француската Република, Робер Бадентер, соопштуваат од македонското МНР.

 

Според најавите, главни теми во разговорите ќе бидат билатералните односи, со акцент на економската соработка со Француската Република, напредокот на Република Македонија во европските и евроатлантските интегративни процеси, и во тој контекст регионалната соработка, како и други меѓународни теми од заемен интерес.   

25.11.2013 - 08:51
Фото: 
mfa.gov.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега