Црвенковски си гледа сеир

Црвенковски си гледал сеир на вчерашната седница на Изршниот одбор на СДСМ на која кандидатите за претседател на партијата меѓусебно се омаловажувале, пишува весникот Вест. Според извори на весникот, вчерашниот Извршен поминал во атмосфера на до сега најниско ниво.
„Најголема нервоза на седницата на извршниот одбор предизвикала постапката за избор на органите на партијата на претстојниот конгрес. Извори од состанокот брифираат дека на присутните им било јасно дека Заев е фаворит, ама останатите кандидати, повлекувањето од трката го условувале со место во блискиот круг на Заев. Бидејќи, според партиската процедура, ако се оди на конгрес тие може и да не бидат избрани во централниот одбор, а со тоа ќе бидат надвор од потесниот круг на идниот лидер и маргинализирани во партијата“ - пишува Вест

Според изворите на весникот, Црвенковски за цело време молчел и не се мешал во кавгата. Рекол дека нема да поддржи никого и дека ќе стои настрана се до конгресот

најчитано сега