КСС пред одлука: Утре ќе избира ново раководство

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре на конгрес ќе избира ново раководство, по што ќе биде донесена одлука за чекорите што ќе ги преземе во наредниот период. Синдикатот останува на ставот дека Законот за административни службеници е потценувачки и оти со него ќе нема зголемување на платите, а и понатаму бара усогласување на останатите плати со порастот на минималната. Според КСС, невозможно е да се реализира и линераното зголемување на платите за 2.806 денари, што е предлог на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција истакна дека е задоволен од сработеното за време на неговиот мандат, но оти останува борбата за усогласување на платите со минималната плата. Рокот за усогласување, според Ралповски, е одамна поминат.

04.05.2022 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега