Ристовски: СДСМ е кум на училиштето „Конгреси и Манастирит“

 

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска истакна дека новото училиште во општина Чаир „Конгреси и Манастирит“ што во превод значи Битолски конгрес, го добило името уште во 2006 година кога на власт беше СДСМ.

- Новото училиште настана со делење од основното училиште „Лирија“, кое исто така е напишано на Латиница и на Кирилица без соодветен превод на називот, на две училишта „Лирија“ и новиот субјект „Конгреси и Манастирит“. За тоа соодветна согласност до општина Чаир дале тогашната влада на СДСМ и Министерството за образование и наука, истакна Ристовски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на новата спортска сала во општина Петровец.

Тој истакна дека во јули 2006 година, заедно со стие неопходни веќе издадени согласности,  новото училиште успева да добие и судска регистрација, зашто, како што рече, во тој период регистрацијата не се вршела во Централниот регистар, туку во надлежниот суд, во случајот Основниот суд во Скопје.

- Во судското решение за регистрација од 2006 година новото училиште е запишано со кирилична поддршка како „Конгреси и Манастирит“. Доколку Министерството за образование и наука во овој момент добие предлог за корекција на името од страна на општината ќе го прифати, нагласи Ристовски.

Појасни дека согласно процедурите предлогот за корекција на името треба да го даде Училишниот одбор до градоначалникот и општината, кои, пак, треба да го достават до Министерството за образование и наука. 

23.11.2013 - 13:48
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега