Груевски: Скопје ќе добие нова приватна болница

 

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека Министерството за транспорт и врски во текот на следната недела планира да објави јавен повик за избор на најдобар понудувач за изградба на болница на земјиштето во близина на Градската општа болница „8 Септември“.

- Според информациите што ги имам од министерот за транспорт и врски има најмалку еден, а можеби и повеќе заинтересирани да се јават на наддавањето, да го купат земјиштето, да вложат свои пари и да изградат нова современа приватна болница, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето на новата спортска сала во општина Петровец.

Според премиерот, оваа локација неколку пати била огласувана но досега немало интерес.

- Овој пат имаме најмалку еден заинтересиран купувач за земјиштето, што сака да гради болница. Се надевам дека лицитацијата ќе биде успешна и ќе се изгради нова болница во Скопје која ќе донесе нови стандарди и нови можности за граѓаните, нагласи премиерот Груеваски.

23.11.2013 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега