Груби: Го трасираме патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во земјата
Го трасираме патот за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во земјата, Коридорот 8, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук профил.
-Ја одржавме денес првата седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10D, во која ги усвоивме следните заклучоци:
- се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација,
- се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
-се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица, напиша Груби на фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа