Ковачевски: Платите во образованието од 2017 до 2022 ги зголемивме за 21%
Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски објави статус на Фејсбук во кој сакаше да посочи колку пораснале платите во последните пет години.
„Вработените во образованието и во детската заштита се никулецот за развојот на нашата иднина, затоа во периодот од 2017 до 2022 година нивните плати ги зголемивме за 21%.
Отворени сме за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока го охрабрувам синдикатот, да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел за раст на платите“, напиша Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа