Откриен идентитетот на битолчанецот кој го прегази воз

Откриен е идентитетот на лицето кое попладнево го прези воз во Битола.
 
- Пријавата за прегазувањето на машко лице во СВР-Битола беше регистрирана во 12.45 часот, а несреќата се случила на железничката пруга во градското подрачје кај месноста „Сточен пазар“ во населбата „Карпош“. Возот сообраќал на релација Битола-Скопје, а до несреќата дошло кога битолчанецот В.З. (1932 г.) преминувал на патниот премин кој се вкрстува со железничката пруга и притоа бил прегазен од возот кој се движел кон Скопје, потврди Магдалена Димитровска, задолжена за односи со јавност во СВР-Битола.
 
Направена е обдукција врз трагично починатото лице и полицијата ова го води како несреќен случај во Битола.
21.11.2013 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега