Мило Ѓукановиќ најави три милијарди евра инвестиции во Црна Гора

Црногорскиот премиер , Мило Ѓукановиќ најави денеска инвестиции од три милијарди евра пред се во црногорскиот туризам и како што наведе тоа ќе придонесе за отворање нови работни места.

Тој додаде дека Владата спроведува низа мерки за да се зголеми бројот на вработените, а една од нив е унапредување на бизнис амбиентот што треба да привлече странски инвеститори.

– Очекуваме дека инвестициите во следникот период пред се во туризмот, ќе бидат околу три милијарди евра, што ќе придонесе за отворање нови работни места, потенцира Ѓукановиќ во Парламентот.

 

21.11.2013 - 16:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега