Бакојани: Ако сакате влез во ЕУ и НАТО ќе ги почитувате грчките принципи

Поранешниот шеф на грчката дипломатија Дора Бакојани уште еднаш го повтори ставот на нејзината земја, дека Атина направила чекор напред кон решавање на прашањето за името и оти сега е ред на Скопје.

Овластениот министер во македонската Амбасада во Австрија, Хилда Колевска на настан во Виена ја прашала Бакојани зошто Грција го попречува влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, на што таа одговорила дека нашата земја мора да ги почитува нивните принципи доколку сака да стане член на овие организации.

Како што пренесуваат грчките медиуми, Бакојани рекла дека македонските власти имале повеќе можности да прифатат некои од предлозите на медијаторот Метју Нимиц, но секој од предлозите наидувал на „непоколебливиот став на премиерот Груевски“.

- Нема да има грчка Влада што ќе ја прифати сегашната ситуација, рекла на крајот Бакојани.

Настанот, на кој присуствувале многу странски дипломати и австриски политичари, бил организиран од поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел, а се однесувал на економската криза во Грција.

21.11.2013 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега