Рилкоски е новиот претседател на ДИК

Собранието на денешната 77. седница го избра Никола Рилковски за нов претседател на Државната изборна комисија. Вангелина Маркудова, која доаѓа од Одделот за организиран криминал во Основниот суд 1- Скопје е судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Како што веќе објавивме пратеникот Павле Трајанов го повлече Предлог-законот за заштита на сведоци. Од Демократскиот сојуз појаснуваат дека причина е чувствителноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации. Пратенички групи и пратеници предложиле Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на сведоци, наместо по скратена постапка да се донесе во редовна постапка.

Усвоени се и владините предлози за донесување по скратена постапка на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за изменување на Законот за исплата на плати во Република Македонија, за изменување на Законот за патни и други надоместоци на избрани и именувани лица, како и измените на Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, измени и дополнувања на Законот за платниот промет, на Законот за извршување санкции, на Законот за радиодифузна дејност. Усвоен е и предлогот за донесување по  кратена постапка за  Предлог-законот за задолжување на АД МЕПСО со заем кај Европската банка за обнова и развој по договор за заем, ревитализаицја и модернизација на преносната мрежа  и управување со  електроенергетскиот систем без државна гаранција. 

21.11.2013 - 12:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега