Еден отказ и 13 дисциплински за непослушните цариници

Царинската управа изрече 14 дисциплински мерки на службеници, меѓу кои и еден отказ, за кршење на работниот ред и дисциплина.

-Дисциплинските мерки се превземени по извршена контрола над спроведување на одредбите на Упатството за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај кое се применува од 1 октомври 2012 година, во делот на спроведувањето на одредбите кои се однесуваат на наизменичниот слободен транзитен превоз на патници на релација Полска-Грција-Полска, за царинските службеници од царинската испостава Богородица, Царинарница Гевгелија, соопштуваат од Царинската управа.

Согласно ова упатство, доколку надлежниот царински службеник на граничниот премин утврди дека превозникот не поседува дозвола и други потребни документи и дека превозот не го врши во согласност со приложените документи, ќе забрани влез односно излез на возилото во/од Републилика Македонија и веднаш треба да ги извести надлежните организациони единици во Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт, а со цел утврдување на состојбата и изнаоѓање соодветно решение за натамошно постапување.

-При спроведената контрола утврдено е дека во периодот од 1 октомври 2012 до 18 август годинава царинските службеници од Царинската испостава Богородица не постапувале согласно Упатсвото и на превозници од Полска им изготвиле и издале вкупно 111 дозволи за превоз во меѓународниот патен сообраќај во врска со вршење на наизменични слободни транзитни превози на патници на релација Полска-Грција-Полска. Заради тоа поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност согласно Законот за Царинската управа и Колективниот договор на Царинската управа за 16 царински службеници. По спроведената постапка, утврдено е дека 14 царински службеници сториле кршење на работниот ред и дисциплина односно постапиле спротивно на одредбите на точка 16 од Упатството за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, Кодексот за однесување на царинските службеници и Правилата за ред и дисциплина во Царинската управа. Изречени се 14 дисциплински мерки, прекинување договор за вработување на еден царински службеник, намалување на плата од 15 отсто во траење од 6 месеци на 8 царински службеници, намалување на плата од 15 проценти во траење од 5 месеци на еден царински службеник и писмена опомена на 4 царински службеници. За двајца царински службеници постапката е во тек, се вели во соопштението од Царинската управа.

21.11.2013 - 11:56
Фото: 
кајгана.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега