На Водно ќе никне адреналински парк?

 
Aнглиска компанија е заинтересирана на Средно Водно да изгради адреналинска сајла и други возбудливи содржини, објавува весникот „Вест“.
 
Според весникот, градските власти веќе се запознале со идејата на англиската фирма за адреналинска сајла со која ќе се лета во воздух. Сајлата би се поставила на Средно Водно, близу почетната станица на жичницата. Освен сајлата, англиската фирма понудила на Водно да постават и други реквизите кои ќе им овозможат забава и на децата и на возрасните.
 
Адреналинскиот парк, како што го нарекле Англичаните, би го граделе со сопствени средства. Тие бараат просторот да им се даде под концесија и откако ќе ги изведат содржините, да стопанисуваат со нив.
 
Според весникот, од Кабинетот на скопскиот градоначаллник Коце Трајановски изјавиле дека засега нема никаква одлука околу идејата за изградба на адреналински парк на Водно.
21.11.2013 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега