Чепурин: Србија нема никаква смисла да стане членка на НАТО

  

Русија задоволна што Србија не сака да влезе во НАТО, изјави рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин.

- Ако ме прашувате дали Русите се задоволни од тоа, тогаш одговорот е „да“. Југославија речиси половина век беше неутрална држава. Сметаме дека за Србија нема никаква смисла да стане членка на НАТО, истакна амбасадорот Чепурин.

Тој, меѓу другото, нагласи и дека српскиот дел од гасоводот „Јужен поток“ ќе биде финансиран од руски кредит, а рефундиран од транзитот на гас и профитот на компанијата „Јужен поток - Србија“.

Во врска со локалните избори на Косово, Чепурин рече дека е важно Србите кои живеат во централниот дел на замјата да бидат солидарни со косовските Срби и дека е потребно да се најде прифатливо решение и за едните и за другите.

- Русија е подготвена трпеливо и доследно да ја поддржува Србија. Но, погрешно е да се размислува дека Русија сама на волшебен начин ќе го реши ова прашање, истакна рускиот амбасадор во Белград.

21.11.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега