Билка која ви е потребна во домот: Лекува бронхитис, воспалено грло, болни синуси, проблеми со дигестијата
Маслото од лаванда е познато и како „мајка на сите етерични масла“. Освен тоа, оваа чудесна билка помага во смирување и ублажување на многубројни тегоби.
Од лавандата се подготвуваат чаеви, етерични масла, капки, купки, но се користи и за инхалација. Етеричното масло од лаванда нема штетни дејства, може да го користат и постари лица и деца и е делотворно кај бројни тегоби и заболувања.
Што сè може да излекува моќната лаванда?
Лавандата е одличен сојузник во борбата против алергии, астма, бронхитис, воспаление на грлото, инфекција на усната шуплина, кашлица, воспаление на синусите, конјунктивитис, мигрена, главоболка, изгореници, депресија, стрес, хипертензија, непријатен здив и проблеми со дигестијата.
Лавандата исто така има силни антисептички својства. Маслото од лаванда може да биде одлично дезинфекциско средство и добра замена за алкохол. Освен тоа, оваа билка ја смирува надразнетата кожа и затоа се препорачува како природно средство за регулирање на масна кожа, акни, псоријаза, егзема и дерматитис.
Кога ќе се помеша со други билки како камилица или рузмарин, нејзиното дејство се зголемува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа