Силна експлозија одекна во Сараево - загинаа две лица

Силна експлозија одекна денеска во сараевската населба Добриња.

 Според првичните сознанија, најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца.

Станот во кој се случила експлозијата е уништен, прозорците на зградата се искршени, а оштетени се и неколку возила на околниот паркинг.

Според босанските медиуми. 72-годишна жена се здобила со изгореници, кои се опасни по животот, додека помлад маж, кој и помогнал да излезат од станот, е повреден, но не е во животна опасност

20.11.2013 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега