Пронајдени во авион златни парички вредни милион долари

Хигиеничари во  еден патнички авион на аеродромот во Калкута, во тоалетот на леталото пронашле 24 златни прачки, вредни повеќе од еден милион долари, соопштија денеска индиските власти.

Авионот е во сопственот на авиокомпанијата „Џет ервејс“, а во Калкута пристигнал од Патна, град во источна Индија, додека претходно летал на меѓународни дестинации.

- Хигиеничарите вршеле рутиснко чистење на авионот, кога во тоалетот пронашле две торби. Никој досега не се јавил дека е сопственик на златните прачки, кои се тешки еден килограм, а исто така никој се уште не е уапсен, изјави директорот на аеродромот во Калкута, Б.П. Мишра.

20.11.2013 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега