Барак Обама не планира да се извини на авганистанскиот народ
Барак Обама не напишал и не планира да напише писмо до авганистанскиот народ во кое ќе се извини за направените грешките за време на војната против тероризмот во Авганистан, изјави помошникот на претседателот за национална безбедност Сузан Рајс.
Претходно, медиумите и портпаролот на авганистанската Влада информираа дека Обама се согласил да испрати писмо до авганистанскиот народ, во кое би „ги признал грешките“ направени за време на војната против тероризмот во Авганистан.
Според овие тврдења, тоа писмо требаше да биде објавено за време на средбата на авганистанските племенски лидери, која почнува утре и ќе трае неколку дена. На средбата на племенските лидери ќе се разговара за вчера постигнатата согласност за иналната верзија на договорот, со кој се определува дали американските воени сили ќе можат да останат во Авганистан по 2014 година.
- Видов во медиумите. Немам претстава од каде се појави тоа. Очигледно се работи за не разбирање на вистинската ситуација. Нема планови за такво писмо, а и САД нема зошто да му се извинат на Авганистан, посочи Рајс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа