Ковачевски денеска во 12 ќе го достави предлогот за нова Влада
Денеска, во 12:00 часот, во Стар кабинет во Собранието, мандаторот за состав на новата влада на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, официјално ќе му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада, информираа од Кабинетот на Џафери.
За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда.
За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, поранешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никола Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој и порано раководеше со овој ресор.
За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска – директорка на Државниот инспекторат за труд, за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски. Од сите нив Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.
– Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме, порача Ковачевски.
Како што нагласи, Владата предводена од СДСМ ќе остане посветена на стратешките цели, евроатлантските интеграции и полноправно членство во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа