„Вашата ќерка ќе се убие! Дајте ми пари да ја истерам црната магија" - итра гатачка измамила докторка

Лажните гатачки не запираат. Овојпат се работи за гатачка од Лесковац која се обидела да ја измами 58-годишната докторка Светлана Станојевиќ лажејќи ја дека ќе изврши самоубиство.

„Вашата ќерка ќе се убие! Таа е под црна магија, ќе влезе во некое нервно растројство и ќе изврши самоубиство! Само јас можам да ви помогнам„...и велела видовитата Маријана на докторката, пренесе српски Курир. Мајката загрижена за својата ќерка на гатачката и дала 14.600 динари, а откако таа ги добила парите, барала уште 600 евра за спас на докторката и нејзиното дете, по што докторката ја сфатила измамата и случајот веднаш го пријавила во полиција.

- Пораката од Видовитата Маријана ја добив на 11 ноември. Ми беше чудно што ми испрати приватна порака затоа што не сме пријатели на Фејсбук. Пишуваше дека сака да помогне, но и одговорив дека не ми треба помош и дека не верувам во тие работи, дури и дека ми се одвратни. Меѓутоа, не сакаше да ме остави на мир, раскажува за Курир др. Светлана Станојевиќ и додава дека таа и напишала: „Јавете ми се веднаш, итно“. 

Маријана тогаш и раскажа дека нејзината ќерка ќе направи самоубиство. - Ќе има, ќе има, ќе влезе растројство и ќе се убие, тврдеше. За да ја симне црната магија на мојата ќерка, бараше на нејзина сметка да и се уплатат 14.600 динари, раскажува Светлана, истакнувајќи дека поради целата нејзина приказна замалку ќе доживела нервен слом.

Сепак, Видовитата Маријана не се задоволила со парите кои ги добила, па побарала уште.

- Ако не уплатиш 600 евра, ќе ти умре ќерка ти, како што ти умреа сопругот и свекорот. Мораш да ми испратиш пари. Сфатив дека е обичен измамник и и реков дека нема да и даде повеќе ни денар, ја раскажа потресната приказна Светлана.

 

19.11.2013 - 13:45
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега