Турбулентниот ден за Мијалков со нов пресврт – 30 дневен притвор за „Плацеви на Водно“

 

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство.

Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

22.12.2021 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега