Утре малку сонце малку дожд

 Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, локално ќе има кратки сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите доцна попладне и во ноќните часови, а особено повеќе ќе бидат изразени во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

 

18.11.2013 - 16:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега