Грчки Етнос: Гробот на вистинскиот Грк Зорба е во Скопје!

Грчкиот весник Етнос денеска пишува дека гробот на вистинскиот Грк Зорба е во Скопје. Весникот наведува дека прототипот на светски познатиот херој на Никос Казанѕакис се викал Јоргос Зорбас, а не Алексис и живеел две децени во Скопје се до смртта во 1941 година.

Го откривме гробот на Гркот Зорба во Скопје, напишале тогаш грчките новинари кои работеле на истражувањето, во текот на кое ги посетиле градовите Солун, Скопје и Белград. Ги барале претците на Зобра кои ги пронашле во Белград и така дошле до заклучокот дека неговиот гроб е на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Весникот „Етнос“ уште тврди дека тогашниот директор на гробиштата во Скопје не знаел ништо како и неговите службеници за гробот на литературниот херој на Казанѕакис.

Директорот на гробиштата во Скопје не можел да им поверува на своите очи.

- Имам слушнато за Гркот Зорба, но не знаев дека тој е погребан тука, изјавил за грчкот весник Јован Денковски.

Алексис, односно Јоргос, бил роден во Катерини, Северна Грција. Се оженил за убавицата Елени, ќерка на богат сопственик на рудник во кој што и самиот работел.  Со сигурност се знае дека Елени била единствената жена со која Зорбас бил венчан. Таа починала млада на 36 години. По таа трагедија Зорбас заедно со 11-годишната ќерка Екатерина заминува во дваесетите години во Ниш. Таму купил рудник како и рудници околу Скопје. Малку време пред неговата смрт  Екатерина се омажила за  угледниот скопски трговец Нико Јада со кого заминала да живее во Белград. Тие имале син Вангел, кој ја зачувал единствената фотографија од неговиот дедо.

- Никогаш не сум сретнал човек, којшто умееше толку добро да се забавува како Зорба. А како само играше сиртаки, изјавил Никос  Казанѕакис за новинарите во Атина.

Во својот роман „Рапорт ред Ел Греко“ Казанѕакис пишува: „Во куќата ме чекаше писмо во траурен плик со српска марка на него. Го држев пликот и раката ми трепереше. Зошто да го отворам, си реков, веднаш знаев за горчливата вест, „починал, починал“, промрморев и светот за смрачи...Ги затворив очите и бавно почуствував како се тркалаат топли солзи по моите усни. Починал Зорба, умре смеата, запре песната...таква душа не бидува да умре, извикав“

18.11.2013 - 15:47
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега