Меморандум за соработка меѓу македонскиот и српскиот катастар

Македонската Агенција за катастар на недвижности и српскиот Републички геодетски завод денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе разменуваат информации и искуства со цел унапредување на соработката и учество во регионални проекти.

Според директорот на Републичкиот завод на Србија Крејовиќ, Македонија има големи позитивни постигнувања во катастарското работење кои ќе ги користи и српската институција.

- Македонија отиде далеку во примената на новите информатичко-комуникациски технологии. Имате е-катастар и централна база на податоци, која што сеуште ја немаме во Србија. Кога ќе стасаме до тоа ниво ќе се разменуваат податоци помеѓу граѓаните преку интернет, рече по потпишувањето на Меморандумот Крејовиќ.

Според Трпески за македонскиот катастар ќе бидат корисни српските искуства во воспоставувањето на скен центарот што сеуште не е имплементиран во Македонија и за кој веќе се подготвува студија.

Меморандумот што го потпишаа Агенцијата за катастар на недвижности и Републичкиот геодетски завод, според Трпески и Крејовиќ, исто така е чекор напред за олеснување на потребните активности околу утврдувањето на имотот на македонските претпријатија во Србија и на српските во Македонија. Како продолжување на катастрите на поранешна Југославија во 2014 година ќе почне нов регионален проект.

На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и српската амбасадорка во Македонија Душанка Дивлјак Томиќ. 

18.11.2013 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега