Миле Кузмановски: Колку песни и да отпеам мојата сопруга нема да се врати!

Популарниот македонски пејач Миле Кузмановски кој деновиве е актуелен со својот нов албум "Крал без круна", во изјава за весникот Вест, вели дека колку песни ида отпее за својата сопруга, таа сепак нема да се врати.

- И сто песни да отпеам и да и' ги посветам на Верче, таа нема да ни се врати, си ја отвори душата популарниот фолк-пејач.

За разлика од празнината која ја чувствува во душата, во кариерата му оди одлично. Професионално, трипати ја полнеше Универзална, песните му ста­наа големи хитови, стана еден од најдобрите фолк-пејачи. 

За жал, пред точно една година пејачот ја загуби својата сопруга.

18.11.2013 - 14:06
Фото: 
Идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега