Заев: Минималната плата расте, а невработеноста опаѓа

Имаме неповторлива шанса, дев и пол години да се искористат за економија, за развој, а при тоа дома немаме отворени етнички прашања, немаме спорови со соседите, сето тоа е шанса за нашата економија уште повеќе да зајакне, посочи вечерва во интервју за Сител телевизија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 
„Прво, стандардот постојано расте, дури и за време на пандемија просечната плата расте во државата. Минималната плата расте во државата. Невработеноста паѓа во државата, за време на пандемија. Тоа е реткост и на европскиот континент затоа што сме навистина фокусирани на економските политики но и меѓународните и домашни политики на крајот даваат економски резултат. Две и пол години без избори се навистина реткост во нашата земја, ние секоја година имаме некои избори, а во овие две и пол години сето тоа што го вложивме, на крајот мора да го валоризираме со економски стандард на граѓаните, со работни места, повисоки плати, пензии за граѓаните, тоа мора да го искористи нашата земја. Јас верувам дека сите и власт и опозиција ќе бидат ЗА, знаејќи дека има стабилно парламентарно мнозинство и тоа треба да се искористи.“ порача Заев. 

 

Претседателот Заев оцени дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека по изборите има шанси тоа да се зголеми, што ќе значи и поефикасна работа на Собранието кое со месеци често пати е блокирано од страна на опозицијата. 
25.10.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега