Државниот Универзитет во Тетово доби нова хемиска лабораторија

Државниот универзитет во Тетово доби лабораторија, која е 51-та по ред од проектот на Владата за отворање на лаборатории за научно-истражувачки дејности. На свеченото пуштање во употреба присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, Сафет Незири, заменик-министер за образование и наука и ректорот Вулнет Амети.

- Лабораторијата за органска хемија и биохемија, хетероциклични соедненија и природни производи е наменета за студентите, односно нивната практична настава и искуство што се покажа дека е неопходност во текот на нивното образование. Оваа лабораторија ќе ја користат претежно студентите од природните и природно-математичките науки на ДУТ и со нејзиното отворање овој Универзитет станува еден од водечките институции во сферата на органската хемија и биохемија, рече министерот Ристовски.

 

16.11.2013 - 13:23
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега