Затворена „Еко оранжерии“ - за токсичните корнишони ќе плати казна од 13.100 евра

Фирмата која ги произведе токсичните корнишони, Еко Оранжерии е затворена, а ќе треба да плати и парична глоба во износ од 13.100 евра. За ова денеска информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов.

Стаменов потенцира дека краставичките кои ги увезе „Подравка“, се уништени на депонија во Вараждин: - На македонскиот пазар нема од овие корнишони. Целото производство, од 26-ти и 28-ми минатиот месец, заврши во Хрватска, нагласи Стаменов на прес-конференција, додавајќи дека домашните потрошувачи треба да бидат сосема спокојни.

Исто така и пратката грозје тешка 9.200 килограми со, исто така, вишок пестициди, што се продаде во Франција, потекнува од индивидуален производител, извозник е „Виви пром“ Богданци, а откупувач физичко лице, додава тој. ИЗвозот бил реализиран без да се побара дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство и ДИЗ, па затоа и не се направени анализи за исправност.

 

 

16.11.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа