"Силуваната" малолетничка од Битола била во врска со 16-годишно момче
Девојчето од Битола чија мајка синоќа пријавила во полиција дека во текот на минатиот месец била неколкупати силувана, всушност како што дознава Нова Македонија, не било силувано, туку имало врска со момче, исто така малолетник од Битола.
- Со оглед на тоа што се работи за малолетно девојче на 11 годишна возраст, во интерес на заштитата на нејзиниот идентитет и истрагата во овој момент не можеме да соопштиме нови детали, изјавуваат од полицијата, но според изворите на Нова Македонија, девојчето во придружба на две полицајки било донесено во Клиничката болница во Битола и при прегледот не биле утврдени траги на насилство и сексуален однос.
Полициската станица ги проверува информациите од мајката, дека нејзината ќерка неколкупати била силувана минатиот месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа