Разрешена поранешната градоначалничка на Арачиново која раководеше со „Аеродроми“

 

Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски.

27.12.2024 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега