Маскиран и вооружен разбојник ограбил "Кам Маркет" во Куманово

Крадците дефинитивно не запираат. Во полициската станица во Куманово синоќа било пријавено дека е ограбен "Кам Маркет“  лоциран на улицата „Октомвриска Револуција“.

До грабежот дошло кога засега непознато маскирано вооружено лице влегло и со закана по животот на вработената успеало да одземе 12.000 денари од касата на маркетот.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот. 

15.11.2013 - 12:33
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега