Според Календарот на МПЦ, утре се празнува овој светител
Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Бидејќи Луп иако беше христијанин с ? уште не беше крстен, Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Во тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. После големи маки го убија и се пресели во Небесното Царство.
Тропар
Молитвите твои, свет Лупе мачениче, за нас нека стигнат до Оној, Кој од Небесата свето крштение изли врз твојата глава, удостојувајќи ги телесните од овој свет, да ја видат благодатната сила Господова, Кој го чува Израилот, а тебе венец на слава маченичка ти подготви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа