Казнети 185 возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39, 11 за возење без возачка дозвола, пет за непрописно престројување.
Како што соопшти утрово МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 76 за непрописно паркирање.
Од МВР информират дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
02.10.2021 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа