Повеќе од пет илјади лица се евакуирани во Индонезија поради ерупција на вулкан

Како што соопштија индонезиските власти, над пет илјади лица беа евакуирани во северозападна Индонезија поради ерупција на вулкан

Вулканот Синабунг, во северниот дел на островот Суматра, еруптира повремено од средината на септември, поради што властите го зголемија степенот на тревога до највисоко ниво. 

Засега нема информации за евентуални настрадани лица. 

Вулканот Синабунг мируваше во период од четири века, пред да еруптира во август 2010 година. 

 

15.11.2013 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега