Надлежни за тетовската модуларна болница биле директорот и локалната власт
Тендерската надлежност за оперативна и контролна фаза на модуларната болница во Тетово, била токму на општина Тетово, директорот на болницата и комунални инспектори, покажува тендерската документација, пишува „Дојче веле“.
Документите до кои дојде Дојче веле, покажуват дека Министерството за труд и социјална политика, заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалната власт и директорите требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници.
Документите насловени „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавени во октомври 2020 година во подробности ги опфаќаат фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.
Инаку, се’ уште се чекаат одговори од истрагата во врска со тетовската модуларна болница каде 14 пациенти го изгубија животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа