Арифи: Нашите граѓани сè уште се во жалост и тага - градот е во шок
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, им понуди на противкандидатите за локалните избори да потпишат меморандум со кој ќе се изрази солидарност во однос на трагедијата од 8 септември. Воедно бара да нема активности до 27 септември, кога официјално треба да почне кампањата.
Посочувајќи дека трагедијата од 8 септември е најцрниот настан во историјата на Тетово каде четиринаесет наши сограѓани го загубија животот во пожарот што ја зафати болницата, градот сè уште е во шок од настанот.
– Нашите граѓани сè уште се во жалост и тага. Нашиот град ќе ги избере градоначалникот и општинскиот совет на 17 октомври. Важна е демократската одлука, да се избере кој ќе го води Тетово во иднина. Но, и покрај важноста на овие избори, приоритет мора да остане почитта на жртвите и тагата што го зафати целиот наш град. Во овој контекст, кандидатите за градоначалници и Советот на општината, како и нивните партии се согласија да го потпишат овој договор за кратка, фер изборна кампања во однос на загубените животи, состојбата на нашите граѓани и вредностите на нашето општество, стои во предлог меморандумот на Теута Арифи.
Од Алијанса за Албанците веднаш стигна негативен одговор на понудата на Теута Арифи. Од оваа партија посочуваат дека тие и идниот градоначалник на општината на Тетово ќе водат кампања со конкретна понуда за обновување на градот после осумгодишната деградација и хаос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа